31 Мај Прва средба за вмрежување и соработка на сите чинители за подобрување на социјалното претприемништво
Во рамки на проектот се потпишани договори за соработка помеѓу локалните општини, идните и веќе постоечки социјални претприемачи (локални бизниси и социјални и граѓански организации). Целта на оваа средба е истите да ги разменат искуствата со претставување на работата и промовирање на активностите, да укажат на слабостите и можностите кои ги нуди социјалното претприемништво што ќе обезбеди соработка и мултисекторски партнерства.
Преку одржување на работни средби од ваков вид, идејата е да се поттикне разменувањето на добри практики и зајакнување на веќе воспоставената мрежа со запознавање на учесниците и нивно претставување. Со размена на искуството на различните модели социјални претпријатија, идентификување на потребите и предизвиците за развој на различните модели, како и утврдување на можностите за унапредување на меѓусекторската соработка на актерите во екосистемот учесниците ќе разменат знаење стекнато во фазата на имплементација на тековниот проект.
Настанот е организиран од проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот- Не оставај никој зад себе” имплементиран од страна на организација ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Унија.