05 Апр Потпишан Меморандум за соработка и разбирање со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“
Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“, финансиран од Европската Унија целиме кон овозможување на создавање услови за процесот на одржлива деинституционализација и воспоставување на социјални услуги базирани во заедницата низ целата земја, подобрување на лицата со попреченост кои живеат во пошироката заедница и независно живеење.
Благодарни сме на Здружение на лица со церебрална парализа-Велес (Здружението за лица со церебрална парализа -Велес) за ентузијазмот во работата. Со потпишаниот Меморандум за соработка на 05.04.2021 во просториите на Здружението во Велес, целиме кон заедничка соработка и развивање на социјални услуги во заедницата како и поддршка на Здружението во процесот за станување на лиценцирана организација. Со овој чекор би сакале да ги поттикнеме, мотивираме и охрабриме локалните организации низ целата земја кои работат и делуваат во социјалните аспекти, да бидат идни даватели на социјални услуги во заедницата.