01 Јун Потпишан Договор за деловно техничка соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР
Во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД на ден 01.06.2021 беше потпишан Договор за деловно техничка соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР.
Со договорот се формализира давањето на професионална поддршка од страна на ЗЛЦПДП – Велес во новоформираните станбени единици во рамки на проектот во кои ќе бидат преселени лица со интелектуална попреченост од Специјалниот Завод Демир Капија (СЗДК). Организацијата согласно договорот се обврзува да се стекне со статус овластен давател на социјална услуга на територијата на општина Велес, согласно важечката законска легислатива во РСМ за овој тип на работа.
Ја поздравуваме проактивноста на и ентузијазмот за инволвираност во процесот на деинституционализација во земјата од страна на ЗЛЦПДП – Велес и со овој чекор би сакале да ги поттикнеме, мотивираме и охрабриме локалните организации низ целата земја кои работат и делуваат во социјалните аспекти, да бидат идни даватели на социјални услуги во заедницата.