Последната од серијалот мониторинг посети на шестата организација, грантист – Рурална Коалиција од Кичево

Последната од серијалот мониторинг посети на шестата организација, грантист – Рурална Коалиција од Кичево

[vc_row css_animation=”” row_type=”row” use_row_as_full_screen_section=”no” type=”full_width” angled_section=”no” text_align=”left” background_image_as_pattern=”without_pattern”][vc_column][vc_column_text]На 02.12.2022 тимот на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“ ја реализираше последната од серијалот мониторинг посети на шестата организација, грантист – Рурална Коалиција од Кичево.
Финансираниот проект „Економско и социјално јакнење на жените од руралните средини преку создавање на трајни пазарни врски“ во идните месеци ќе работи кон подобрување на социо-економската положба на жените од руралните средини од сите 8 плански региони на територија на Република Северна Македонија.
Исто така, активностите целат кон зајакнување на капацитетите и бизнис ориентацијата на социјалното претпријатие „Наша тезга“ на организацијата; зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и преработки преку унапредување на технолошките процеси и маркетинг на производите преку платформата „Наша тезга“ и промовирање на претпријатието преку развој, градење на меѓусекторските партнерства и унапредување на соработката помеѓу локалните чинители.

Проектот е финансиран од Европската Унија.[/vc_column_text][vc_gallery type=”image_grid” images=”5347,5349,5351″ img_size=”full” column_number=”3″ grayscale=”no” images_space=”gallery_with_space”][/vc_column][/vc_row]

СИТЕ НОВОСТИ