10 Окт Покана за учество на тендер за Обезбедување експертиза за бизнис анализа и бизнис процес ре-инженеринг
Ги покануваме сите заинтересирани лица и фирми да учествуваат на тендерот за Обезбедување експертиза за бизнис анализа и бизнис процес ре-инженеринг, кој ЦеПроСАРД го објавува во рамките на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкит туризам преку паметни туристички информативни центри / FRET-STIC“.
Имплементацијата на проектот започна на 15 мај 2018 и истиот е со времетраење од 24 месеци. Се реализира со поддршка од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Косово (IPA CBC Programme Kosovo – the Republic of North Macedonia), а го спроведува ЦеПроСАРД од Скопје како водечка организација во партнерство со Општина Тетово и Регионалната агенција за развој Југ (RDA South) од Косово.
На следниот линк можат да се преземат сите потребни документи кои ги содржат инструкциите за потребната документација, начинот и роковите за поднесување на апликациите и за комуникацијата во врска со оваа постапка:
Крајниот рок за поднесување на документите е 17.10.2019 (четврток), најдоцна до 16.00 часот.
Тендерската документација превземете ја од линкот:
https://drive.google.com/open?id=1uxp6oamx2M9Z3fyFZsOZh_FBiIK9guzd