25 Окт ПОКАНА ЗА ТЕНДЕР – ИЗРАБОТКА НА РЕГИОНАЛНА Е-ПЛАТФОРМА ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ И РЕНОВИРАЊЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
Како дел од тимот на RECONOMY, кој го спроведува Проектот „Енергетска ефикасност во градежништвото и реновирањето“, со задоволство ве покануваме да земете учество во развојот на регионална е-платформа за енергетско ефикасно градење и реновирање во Западен Балкан.
Со нетрпение очекуваме да ја добиеме вашата понуда која треба да биде испратена најдоцна до крајниот рок утврден во точка 2 од Инструкции до понудувачите и адресата за испраќање дадена во точка 7. Ве молиме разгледајте ги сите барања од понудувачот утврдени во точка 2 од Услови на работа – ToR.
Целосното тендерско досие вклучува:
1. Инструкции до понудувачите
2. Услови на работа (ToR)
3. Нацрт-договор
4. Техничка спецификација на платформата
5. Анекси (Прилог 1, Прилог 2 и Прилог 3)
Документите може да се преземат од линкот Документи за тендер.
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со ЦеПроСАРД и други во Источното партнерство и регионот на Западен Балкан.