13 Јан Повик за консултанти за изработка на визуелен идентитет на проект
Posted at 10:56h
in Новости
ЦеПроСАРД ги поканува сите заинтересирани професионалци да достават понуда за изработка на визуелен идентитет на проектот: „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ “
Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services)
За повеќе информации Ве молиме обратете се во канцеларијата на организацијата на:
- тел. +389 2 3061 391
- e-mail. info@ceprosard.org.mk
Рокот за доставување понуди е 29 јануари, 2020 година, најдоцна до 16.00 часот.