Повик за ангажирање Проектен Менаџер на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри (FRET-STIC)“

Повик за ангажирање Проектен Менаџер на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри (FRET-STIC)“

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” повеќе од десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на руралниот развој, заштитата на животната средина, културното наследство, климатските промени и земјоделството.

Во мај 2018 година е планирано да започне имплементацијата на проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри“ со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Косово. Времетраењето на проектот е 24 месеци, а ќе се спроведува во партнерство со Општина Тетово и со RDA South од Косово.

За потребите на овој проект ЦеПроСАРД како водечка организација, објавува повик за ангажирање на

ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

ЦеПроСАРД бара одговорно лице со силни лидерски и комуникациски вештини, како и вештини за планирање, организација и управување со времето, кое е подготвено да работи во тим.

Апликантот треба:
• Да поседува најмалку универзитетска диплома
• Да има искуство во раководење со проекти
• Да поседува одлични компјутерски вештини (Microsoft Word, Excel, Power Point и интернет)
Со оглед на тоа што со проектот е опфатена изведба на два помали објекти во Македонија и Косово, претходно искуство од областа на градежништвото и архитектурата ќе се смета за предност, исто како и работно искуство во други земји. За предност ќе се смета и претходно искуство во граѓански сектор.

Познавањето на англискиот јазик е задолжително.

За повеќе информации кои се однесуваат на описот на работните задачи или други информации поврзани со оваа позиција, ве молиме обратете се на на 02 3061 391 или на info@ceprosard.org.mk.

Заинтересираните лица ги замолуваме да достават CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk или директно во канцеларијата на ЦеПроСАРД, на следната адреса: ул. 1550, 8а, Висбегово, 1000 Скопје

Краен рок за аплицирање: 7 мај 2018 година.

СИТЕ НОВОСТИ