Повик за ангажирање на двајца консултанти за изработка на содржина за публикација – Монографија “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”

Повик за ангажирање на двајца консултанти за изработка на содржина за публикација – Монографија “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба од ангажман на две (2) стручни лица – консултанти за изработка и креирање на содржина на публикација – Монографија “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”

ЦеПроСАРД ангажира две искусни, стручни и одговорни лица, кои за потребите на овој проект ќе ја креираат содржината на публикацијата “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР во рамки на кластерот на активности “Промоција и дисеминација на проектните активности и резултати”.

Апликантите треба да имаат завршено високо образование од полето на општествени науки, завршен најмалку втор циклус од областа социјални стуции – за предност ќе се сметаат домен специјална едукација и рехабилитација, како и трет циклус студии; најмалку 5 години работно искуство во високо образовна институција; искуство во подготвување на монографии, прирачници, учебници и/или скрипти во тематики поврзани со бараниот ангажман; искуство во развојни проекти на полето на деинституционализација, социјална инклузија, инклузивно образование (најмалку 3); теориско и практично познавање на процесот на деинституционализација

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија со финансиска понуда на македонски јазик до 27.12.2021 на info@ceprosard.org.mk со наслов “Апликација за изработка на содржина на Монографија” или во канцеларијата на Здружението ЦеПроСАРД на ул. 1550 бр 8а, 1000 Скопје 08:00 – 16:00 часот.

Апликантите/Пријавените лица/Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 28.12.2021.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирајте нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации превземете го документот:

ToR Publication – Monograph

СИТЕ НОВОСТИ