Повик за ангажирање лице за координација на активности за мониторинг во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“

Повик за ангажирање лице за координација на активности за мониторинг во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“

ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ поддржан од UNDP објавува повик за ангажирање
ЛИЦА ЗА КООРДИНИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО МОНИТОРИНГ на крупни месојади (Ursus arctos, Lynx lynx, Canis lupus) во НП Пелистер (три позиции).

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на заштитата на животната средина.

Во Мај 2018 започна имплементацијата на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ кој е со времетраење од 15 месеци.

ЦеПроСАРД бара стручни и одговорни лица, за следните 3 (три) позиции:

  1. Лице за логистичка поддршка на Проектниот лидер при координирање на теренските активности планирани за времетраењето на проектот, и тоа: поддршка при избор на добавувачи на опрема за мониторинг на крупни месојади (до финална инсталација на системот), коодринација на активностите со локалните чинители при теренските активности, поддршка при организирање обука за вработените во НП Пелистер, за реализација на промотивните активности, поддршка при спроведување активности со други надворешни соработници на проектот и сл.
    Претходно искуство не е задолжителен критериум.
  2. Стручно лице со најмалку 5 год. професионално искуство во спроведување теренски активности за мониторинг на крупни месојади. Ангажманот опфаќа координација и учество во теренските активности за инсталацијата на системот за мониторинг на крупни месојади, вклучително и избор на локации во соработка со НП Пелистер; подготовка и реализација на обука за вработените во паркот за мониторинг со цел во иднина истите да се оспособат самостојно да продолжат со извршување на овие задачи; учество во одредување на две локации кои се погодни за прихранување на животните, согласно податоците собрани од теренските посети и од камерите, како и во консултација со ренџерите од Паркот.
    Претходно искуство на слични задачи/проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија или организации на UN ќе се смета за дополнителна предност.
  3. Стручно лице со најмалку 3 години професионално искуство во областа на мониторинг на крупни месојади. Ангажманот опфаќа подготовка и реализација на обука за вработените во паркот за мониторинг на крупни месојади, со особен акцент на управување и одржување на опремата за мониторинг.

Кандидатите е потребно да имаат завршено најмалку високо образование. Предност ќе имаат кандидати со образование соодветно на темата на задачата за која ќе биде ангажирани.

Заинтересираните лица ги замолуваме да достават CV со листа на претходно успешно реализирани задачи и/или проекти на info@ceprosard.org.mk или во канцеларијата на ЦеПроСАРД.

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: ivana.petkanovska@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 27 јуни 2018 година.

СИТЕ НОВОСТИ