Повик за ангажирање КОНСУЛТАНТ/И ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Повик за ангажирање КОНСУЛТАНТ/И ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

На 18ти октомври 2019 година ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух “. Времетраењето на проектот е 6 месеци.

За потребите на овој проект, ЦеПроСАРД бара стручно и одговорно лице со работно искуство во областа на животната средина може да одговори на следните задачи:

  • Изработка на содржина на Водич “Чиста Енергија за чист воздух” (30 страници),
  • Учество во реализација на три часови од областа на животната средина, енергетската ефикасност и придобивките и важноста за употреба на чиста енергија во резиденцијалниот сектор во три училишта во Скопскиот плански регион.

Апликантите треба да имаат најмалку 2 години работно искуство во областа на заштитата на животната средина, високо образование и искуство на работа на донаторски проекти. Предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со листа на претходно реализирани проекти и/или активности на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: tea.teveva@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 28.02.2020 година.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк: http://www.ceprosard.org.mk/MK/zs_p9.aspx

СИТЕ НОВОСТИ