05 Мар Повик за ангажирање КОНСУЛТАНТ/И ЗА ПОДГОТОВКА НА ЕДУКАТИВНИ ПЛАНОВИ И ОБУКА ЗА ЦОР
На 1-ви јануари 2018 година ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој “. Времетраењето на проектот е 6 месеци.
За потребите на овој проект, ЦеПроСАРД бара стручни, одговорни и креативни лица, со искуство во областа на одржливиот развој, формалното и/или неформалното образование, кои можат да одговорат на следните задачи:
- Подготовка на едукативни планови со часови за одржлив развој за средните училишта со технички струки (градежно-геодетска, машинска и електротехничка)
- Подготовка на материјал за еднодневна обука за наставниците од средните училишта со технички струки, за воведување на целите за одржлив развој во наставната програма
- Реализација на еднодневна обука за наставници од 5 средни училишта, за воведување на целите за одржлив развој во наставната програма. Обуката треба да се реализира во периодот март-април 2018.
Апликантите треба да имаат најмалку 3 години искуство.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со листа на претходно реализирани проекти и/или активности на info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 05 март 2018 година.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк: