18 Окт Повик за ангажирање КОНСУЛТАНТ/И ЗА ИЗРАБОТКА НА МАРКЕТИНГ ПЛАН И ДИГИТАЛНА КАМПАЊА НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
На 18ти октомври 2019 година ЦеПроСАРД започна со имплементација на проектот „Чиста енергија за чист воздух “. Времетраењето на проектот е 6 месеци.
За потребите на овој проект, ЦеПроСАРД бара стручни, одговорни и креативни лица, со искуство во областа на маркетингот, формалното и/или неформалното образование, кои можат да одговорат на следните задачи:
– Подготовка на маркетинг план за активностите поврзани со зголемување на свеста за аерозагадување на жителите на Скопскиот плански регион; како и план за комуникација и видливост на проектните цели
– Подготовка на интерактивен материјал и содржина за дигитална кампања на социјалните медиуми
– Спроведување и менаџирање на дигитална маркетинг кампања под мотото “Чиста енергија за чист воздух” на социјални медиуми (Facebook, Instagram) во времетраење од 5 месеци (ноември 2019 – aприл 2019).
Апликантите треба да имаат најмалку 2 години искуство.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со листа на претходно реализирани проекти и/или активности на info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: tea.teveva@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 15 ноември 2019 година.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк: http://www.ceprosard.org.mk/MK/zs_p9.aspx
*Проектот Чиста енергија за чист воздух се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.