Повик за ангажирање консултант за надзор на последни 4 одбрани станбени единици за живеење со поддршка во заедницата

Повик за ангажирање консултант за надзор на последни 4 одбрани станбени единици за живеење со поддршка во заедницата

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба од ангажман на едно (1) стручно лице – консултант за надзор на адаптација, реконструкција, опрема и давање дозвола за употреба на четири одбрани станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост.

ЦеПроСАРД ангажира едно искусно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе врши надзор на адаптација, реконструкција, опрема и давање дозвола за употреба на четири одбрани станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост во општините Демир Капија, Градско и Башино Село. Оваа активност е дел од кластерот активности 1 – Воспоставување на услови за деинституционализација на лица со попреченост.

Апликантите треба да имаат завршено високо образование во областа – градежен инженер или архитект со знаење за енергетска ефикасност на објекти за домување; поседување лиценца за надзор; oддел на работа: надзор на градби и реконструкции; познавање на англиски јазик; најмалку 3 години искуство во директна работа во надзор; искуство во работа на проекти финансирани од ЕУ или други донатори; познавање на меѓународен стандард ISO 21542: 2011 (Е); искуство во надзор на работа при реконструкција и изградба на станбени куќи или јавни објекти со вклучена инфраструктура за лица со попреченост ќе се смета за предност.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 31.05.2022 на info@ceprosard.org.mk со наслов “Апликација за Надзор“ или во канцеларијата на здружението на ул. 1550 бр 8а, 1000 Скопје 08:00 – 16:00 часот.

Апликантите / Пријавените лица / Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 01.06.2022.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирајте нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации превземете го документот: 01.-ToR-Supervisor-4-housing-facilities.pdf

СИТЕ НОВОСТИ