Повик за ангажирање консултант за изработка на содржина за брошура – декември 2021

Повик за ангажирање консултант за изработка на содржина за брошура – декември 2021

ЦеПроСАРД во рамките на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – СОДРЖИНА НА БРОШУРА.

ЦеПроСАРД бара креативно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе изработи содржина за брошура во рамки на кластерот на активности “Промоција и дисеминација на проектните активности и резултати”.

Апликантите треба да имаат најмалку 2 години искуство во областа на социјалните аспекти, искуство во работа на проекти финансирани од Европската Унија и други странски и/или домашни донатори, како и образование во овој домен.

Здружението “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.

Во декември 2021 година започнавмe со имплементација на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе”. Времетраењето на проектот е 18 месеци.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk или во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД – Aдреса: ул. “1550“ бр. 8a Визбегово; 1000 Скопје

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 20 декември 2021 година, 15:00 часот.

Превземете документи на линкот подолу:

https://bit.ly/3dRgTcI

СИТЕ НОВОСТИ