03 Апр Повик за ангажирање консултант за изработка на содржина за брошура
ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – СОДРЖИНА НА БРОШУРА.
ЦеПроСАРД бара креативно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе изработи содржина за брошура во рамки на кластерот на активности “Промоција и дисеминација на проектните активности и резултати”.
Апликантите треба да имаат најмалку 2 години искуство во областа на социјалните аспекти, искуство во работа на проекти финансирани од Европската Унија и други странски и/или домашни донатори, како и образование во овој домен.
Здружението “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе единаесет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на руралниот развој, заштитата на животната средина, земјоделството и културното наследство.
Во јануари 2020 година започнавмe со имплементација на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР. Времетраењето на проектот е 36 месеци.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: tea.teveva@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 10 април 2020 година.