Повик за ангажирање консултант за изработка на План за комуникација и видливост

Повик за ангажирање консултант за изработка на План за комуникација и видливост

ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – ПЛАН ЗА КОМУНИКАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ (COMMUNICATION & VISIBILITY PLAN)

ЦеПроСАРД бара креативно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе изработи План за комуникација и видливост во согласност со правилата за комуникации и видливост на Европската Унија.

Апликантите треба да имаат најмалку 2 години искуство во областа на комуникации/ПР/новинарство и/или маркетинг.

Здружението “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.

Во јануари 2020 година започнавмe со имплементација на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР. Времетраењето на проектот е 36 месеци.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: tea.teveva@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 20 февруари 2020 година.

СИТЕ НОВОСТИ