16 Јан Повик за ангажирање консултант за изработка на План за комуникација
ЦеПроСАРД, во рамки на проектот BUILDLAG финансиран од Европската Унија објавува повик за ангажирање лице за изработка на
ПЛАН ЗА КОМУНИКАЦИЈА (COMMUNICATION PLAN)
Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.
Во декември 2017 година започнавмe со имплементација на проектот „Градење капацитети за одржлив развој на Локални Акциски Групи во процесите за интеграција во ЕУ“. Времетраењето на проектот е 18 месеци.
ЦеПроСАРД бара креативно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе изработи План за комуникација во согласност со правилата за комуникации и видливост на Европската Унија.
Апликантите треба да имаат најмалку 2 години искуство во областа на комуникации и/или маркетинг.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 17 јануари 2018 година.