05 Ное Повик за ангажирање консултант за изготвување на промотивен материјал за НП Пелистер
Posted at 12:47h
in Новости
ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Одржливо управување со НП Пелистер“ кој е дел од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП објавува повик за ангажирање КОНСУЛТАНТ ЗА ПОДГОТОВКА НА СОДРЖИНА НА ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА НП ПЕЛИСТЕР
ЦеПроСАРД бара компетентно лице или организација коe/ја ќе може да одговори на задачите за подготовка на подготовка на материјал за промотивна брошура.
За повеќе информации околу описот на задачи, ги покануваме заинтересираните лица/организации да се обратат во канцеларијата на ЦеПроСАРД на:
02 3061 391 или на ivana.petkanovska@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 05 ноември 2018 година.