20 Апр Повик за ангажирање консултант – експерт од областа на земјоделските науки за изработка на Водич, спроведување на тренинг обуки и активности поврзани со хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост
ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – консултант од областа на земјоделските науки за изработка на Водич, спроведување на тренинг обуки и активности поврзани со хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост.
ЦеПроСАРД бара искусно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе изработи План за хортикултурна подготовка на земјиште наменето за хортикултурна терапија на лица со попреченост и подготовка на Документ – Водич за зајакнување на вештини за имплементација на услуги за хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост. По креирање на Водичот, консултантот треба да подготви и реализира еднодневна тренинг обука во согласност со изработениот Водич и тренинг материјали наменета за зајакнување на вештините и капацитетите на стручни лица кои во иднина би можеле да обезбедуваат рехабилитација на лица со попреченост преку хортикултурна терапија. Консултантот ќе биде ангажиран и за спроведување на 5 дена хортикултурна терапија заедно со стручни лица на обработеното одредено земјиште во Специјалниот Завод Демир Капија ЈУ со групи на преселени корисници во процесот на деинституционализација, како и корисници од СЗДК.
Оваа активност е дел од проектните активности во класерот АК3 – Обезбедување на иновативни социјални услуги во заедницата.
Апликантите треба да имаат завршен трет циклус на студиско образование во доменот на земјоделските науки и храна, 15 години работно искуство во областа на хортикултура и растителна биотехнологија, искуство во подготовка на материјали за тренинзи и обуки во оваа област, како и документи и/или студии во овој домен.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: info@ceprosard.org.mk и/или tea.teveva@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 06.05.2022 година.
Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика, во времетраење од 36 месеци.
Проектот е имплементиран во конзорциум со:
– Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
– Општина Демир Капија;
– Специјалниот Завод Демир Капија и
– Фондацијата Лоза од Шведска
Повеќе информации и детали за ангажманот прочитајте на следниот линк: повик за ангажман на стручно лице – консултант од областа на земјоделските науки