10 Апр Повик за ангажирање консултанти за изработка на Програма за едукација на асистенти за поддржано живеење
ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручни лица – консултанти за изработка на Подготовка на ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА АСИСТЕНТИ ЗА ПОДДРЖАНО ЖИВЕЕЊЕ
ЦеПроСАРД бара две искусни, стручни и одговорни лица, кое за потребите на овој проект ќе изработат предлог Програма за едукација на асистенти за поддржано живеење. Оваа активност е дел од кластерот активности 1 – Воспоставување на услови за деинституционализација на лица со попреченост. Програмата по нејзиното одобрување ќе биде верифицирана во Центарот за образование на возрасни.
Апликантите треба да имаат завршено високо образование во доменот на социјални студии – специјални едукатори и рехабилитатори, 15 години искуство во областа на социјалните аспекти во работа со лица со попреченост, искуство во работа на проекти финансирани од Европската Унија и други странски и/или домашни донатори, предходна инволвираност во процесот на деинституционализација, искуство во подготовка на материјали за тренинзи во оваа област, како и документи и/или студии во овој домен.
Здружението “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе единаесет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на руралниот развој, заштитата на животната средина, земјоделството и културното наследство.
Во јануари 2020 година започнавмe со имплементација на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР. Времетраењето на проектот е 36 месеци.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: tea.teveva@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 15 април 2020 година.