Повик за ангажирање дизајнер на промотивни материјали

Повик за ангажирање дизајнер на промотивни материјали

ЦеПроСАРД, во рамки на проектот BUILDLAG финансиран од Европската Унија објавува повик за ангажман на
ДИЗАЈНЕР НА ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.

Во декември 2017 година започнавмe со имплементација на проектот „Градење капацитети за одржлив развој на Локални Акциски Групи во процесите за интеграција во ЕУ“. Времетраењето на проектот е 18 месеци.

ЦеПроСАРД бара креативнo и одговорно лице, искусно во областа на графичкиот дизајн, кое за потребите на овој проект ќе може да одговори на следните задачи:

  • Дизајн на лого на проектот
  • Дизајн и графичка подготовка на промотивна брошура
  • Дизајн и графичка подготовка на промотивен флаер

Апликантите треба да имаат најмалку 5 години искуство во графички дизајн. Предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со референтна листа на претходно успешно реализирани проекти на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: aleksandar.avrosievski@ceprosard.org.mk

Краен рок за аплицирање: 17 јануари 2018 година.

СИТЕ НОВОСТИ