Повик за ангажирање адвокатска канцеларија за подготовка на документација поврзана со формирање на локална акциска група

Повик за ангажирање адвокатска канцеларија за подготовка на документација поврзана со формирање на локална акциска група

ЦеПроСАРД, во рамки на проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ – “BUILDLAG“ финансиран од Европската Унија објавува повик за ангажман на АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНА АКЦИСКА ГРУПА.

Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” веќе десет години успешно работи во областа на одржливиот развој со особен фокус на земјоделството, руралниот развој, заштитата на животната средина и културното наследство.

Во декември 2017 година започнавмe со имплементација на проектот „Градење капацитети за одржлив развој на Локални Акциски Групи во процесите за интеграција во ЕУ“. Времетраењето на проектот е 18 месеци.

ЦеПроСАРД бара одговорни организации, искусни во областа на правните законски регулативи во однос на локалните акциски групи, кои ќе можат да одговорат на следните задачи:

  • подготовка на целосна потребна документација за формирање и регистрирање на локална акциска група

Апликантите треба да имаат најмалку 5 години правно искуство. Предност имаат лица со претходно искуство на проекти спроведувани со поддршка на меѓународни организации и донатори, со особен акцент на проекти поддржани од Европската Унија.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV на следниот е-маил: info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391.
Краен рок за аплицирање: 27 август 2018 година.

СИТЕ НОВОСТИ