ПОВИК ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ кои работат во областа на животната средина со фокус на ЕЕ и ОИЕ

ПОВИК ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ кои работат во областа на животната средина со фокус на ЕЕ и ОИЕ

Се покануваат сите ГО кои работат во областа на животната средина со фокус на ЕЕ и ОИЕ, да учествуваат во проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефективна примена на енергетските политики во процесот на пристапување во Европската унија“.

Основна цел на проектот е да се зајакне учеството на граѓанскиот сектор во процесот на пристапување на земјата во Европската унија, преку зајакнување на капацитетот и позицијата на граѓанските организации за соработка со сите релевантни чинители поврзани со реформите во енергетскиот сектор во земјата.

Сите заинтересирани граѓански организации (ГО), кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации најмалку една година од денот на објавување на овој повик, се повикуваат да земат учество во реализацијата на проектот, преку пополнување на прашалникот објавен подолу во оваа информација.

Пополнетиот прашалник треба да се достави по електронски пат на: info@ceprosard.org.mk, најдоцна до 2 март 2020 година.

Со обработката на добиените податоци:

• ќе се обезбедат неопходните квантитативни и квалитативни информации за капацитетот и потребите на ГО заинтересирани да учествуваат во проектот;
• ќе се изберат ГО кои ќе бидат вклучени во активностите на проектот;
• ќе се подготви програмата за обука согласно со потребите на избраните ГО;
• ќе се организираат обуки за претставниците на избраните организации.

Избраните организации ќе биде потребно да определат претставници кои ќе бидат активно вклучени во следните активности на проектот:

• обуки – кои ќе се организираат во текот на март/април 2020;
• подготовка на Заедничка иницијатива за соработка на граѓанските организации со институциите одговорни за политика поврзани со реформите во енергетскиот сектор на национално и локално ниво (април 2020);
• учество на тркалезната маса со институции одговорни за реформите во енергетскиот сектор, на која ќе се разгледува Заедничката иницијатива за соработка (април/мај 2020).

За повеќе информации ве молиме обратете се во канцеларијата на ЦеПроСАРД:
E. info@ceprosard.org.mk
Т. +389 2 3061 391

Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД, со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Mакедонија“ имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

СИТЕ НОВОСТИ