25 Сеп Отворен повик за вработување: Асистенти за поддржано живеење
Локација: Демир Капија
Работно време: полно
Работен опис:
ЦеПроСАРД објавува оглас за 3 (три) извршители на работното место: асистент за поддржано живеење
Врши помошно-стручна работа, врши помошно-стручна работа, во насока на ефективно, ефикасно и навремено постапување и решавање на прашањата и проблемите поврзани со воспитувањето на корисниците кои ги користат услугите на Специјалниот Завод Демир Капија.
Овој оглас е дел од проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР” кој е финансиран од Европската Унија под акцијата „Поддршка за процес на Деинституционализација во социјален сектор“. Вработувањето на асистентите за поддржано живеење се реализира со директна финансиска помош од страна на Фондација Лоза, Шведска.
Одговорности:
- Работните задачи асистентот за поддржано живеење ги реализира во согласност со планот и програмата за работа на одделот за сместување, нега и здравствена заштита на лица со тешка и најтешка интелектуална попреченост;
- Ја изведува секојдневната нега на полуподвижните, неподвижните и подвижните корисници, лично ја подига храната од кујна и го враќа приборот, уредно ја сервира храната, лично ја носи и ја подига облеката од/до перална;
- Поттикнува самостојност кај корисниците во изведувањето на секојдневните активности и пружа помош на оние корисници на кои што им е потребна помошта при облекување, соблекување, бањање итн.;
- Одржува хигиена сите простории кои што корисникот ги користи со сиот инвентар во нив (спалните соби, дневниот простор, ходниците );
- За дневните активности асистентот за поддржано живеење води белешки и прави писмено примо предавање во однос на сите забелешки на одделот како и за вкупната бројка на корисниците и за уредноста на корисниците;
- Соработува со стручниот тим на одделот и ги спроведува нивните инструкции и налози во корист на корисниците;
- Го почитува кодексот на облекување и протоколот на однесување на вработените во Установата
Квалификации:
- Средно стручно образование (неговател)
- Професионално и одговорно однесување
- Мобилен е, работните обврски ги извршува надвор од објектите на установата каде се сместени корисниците
- Тимска работа
Сите мажи и жени ги подджуваме во апликацијата подеднакво. Испратете ја вашата кратка биографија на е-поштата: info@ceprosard.org.mk . Предмет на електронската пошта треба да биде Неговател_ Демир Капија. Апликациите во други форми нема да бидат разгледани.
Само селектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабрени да аплицираат.
Рокот за аплицирање е до 01.10.2020