Отворен ПОВИК за ангажирање консултант за креирање на документ – План за комуникација и видливост во рамки на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”

Отворен ПОВИК за ангажирање консултант за креирање на документ – План за комуникација и видливост во рамки на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”

За потребите на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”, ЦеПроСАРД бара:
консултант/ка за изработка на документ – План за комуникација и видливост, кој ќе се користи за интерна и надворешна комуникација и дисеминација на проектните цели, во согласност со правилата за комуникации и видливост на Европската Унија и насоките на донаторот.

Апликантите треба да ги поседуваат следните критериуми:
• Завршено високо универзитетско образование комуникација / медиуми / новинарство / односи со јавност / маркетинг и сродни области;
• Најмалку 5 години работно искуство во областа;
• Добро познавање на различни информациски и комуникациски методологии и различниот медиумски пристап за дисеминација на проектни цели;
• Предходно искуство на изработка документи од слична природа на ЕУ финансирани проекти и/или проекти од останати донатори

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат професионална биографија (CV); Писмо на интерес и финансиска понуда за услугата и на info@ceprosard.org.mk

Краен рок за доставување на апликациите е 31 јули 2023 година, најдоцна до 16:00 часот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, претставувана од Министерство за Финансии на Република Србија, сектор за договори и финансирање на програми од средства на Европската Унија во времетраење од 16 месеци (16 јуни 2023 – 15 октомври 2024 година).

Проектот се имплементира од страна на Општина Медвеџа, Република Србија, Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – ЦеПроСАРД и Општина Бутел, Република Северна Македонија.

Целосниот повик и описот на работни активности можете да го прочитате/преземете овде:

Опис на работни задачи

СИТЕ НОВОСТИ