24 Јул Отворен ПОВИК за ангажирање консултант за креирање на визуелен идентитет на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”
За потребите на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”, ЦеПроСАРД
бара стручно, одговорно и креативно лице, со искуство во областа на графичкиот дизајн кое може да одговори на следните задачи:
[1] Креирање на визуелен идентитет на проектот – изработка на проектно лого; креирање темплејт документи – темплејт меморандум, темплејт PPPT, лист за проектни информации (Project fact sheet), палета на бои и фонтови (typeface) кои ќе се користат за интерна и надворешна комуникација и дисеминација на проектните цели.
Апликантите треба да ги поседуваат следните критериуми
• Завршено високо универзитетско образование;
• Најмалку 5 години искуство во полето на графички дизајн;
• Напредно познавање на технички програми од областа како Adobe Illustrator и Photoshop
• Изработка на барем 5 логоа и брендинг пакети во изминатите 5 години;
• Предходно работно искуство на документи од слична природа на ЕУ финансирани проекти и/или проекти од останати донатори,
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат професионална биографија (CV); Писмо на интерес; Финансиска понуда за услугата и портфолио или линк до документацијата доколку е поголем фајл за преземање на info@ceprosard.org.mk
Краен рок за доставување на апликациите е 31 јули 2023 година, најдоцна до 16:00 часот.
Проектот е финансиран од Европската Унија, претставувана од Министерство за Финансии на Република Србија, сектор за договори и финансирање на програми од средства на Европската Унија во времетраење од 16 месеци (16 јуни 2023 – 15 октомври 2024 година).
Проектот се имплементира од страна на Општина Медвеџа, Република Србија, Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” – ЦеПроСАРД и Општина Бутел, Република Северна Македонија.
Целосниот повик и описот на работни активности можете да го прочитате/преземете овде: