24 Фев ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање консултант – експерт за имплементација на теренски активности поврзани со окупациона хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост
ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручно лице – консултант за спроведување на теренски активности поврзани со окупациона хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост во Демир Капија.
ЦеПроСАРД бара искусно, стручно и одговорно лице, кое за потребите на овој проект ќе спроведува теренски активности поврзани со имплементација окупациона – хортикултурна терапија на лица со интелектуална попреченост во Депандансот при Специјалниот Завод Демир Капија и одредени станбени единици воспоставени во рамки на проектот ТИМОР.
Оваа активност е дел од проектните активности во класерот АК3 – Обезбедување на иновативни социјални услуги во заедницата.
Апликантите треба да имаат завршено високо образование во доменот на социјална работа, специјална едукација и рехабилитација или физиотерапија; 3 години работно искуство во областа на договорот, искуство во директна работа со лица со интелектуална попреченост и познавање на процесот на деинституционализација во државата.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: info@ceprosard.org.mk
Краен рок за аплицирање: 01.03.2023 година
Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика, во времетраење од 36 месеци.
Повеќе информации за ангажманот може да прочитате на следниот документ.
Проектот е имплементиран во конзорциум со:
– Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
– Општина Демир Капија;
– Специјалниот Завод Демир Капија и
– Фондацијата Лоза од Шведска