Отворен ПОВИК за ангажирање двајца консултанти – експерти за изработка на Водич и спроведување на работилница на тема „Зголемување иницијативи за вработување преку дополнително производство на енергија базирано на ОИЕ – Развој на социјално претприемништво преку енергетски задруги“

Отворен ПОВИК за ангажирање двајца консултанти – експерти за изработка на Водич и спроведување на работилница на тема „Зголемување иницијативи за вработување преку дополнително производство на енергија базирано на ОИЕ – Развој на социјално претприемништво преку енергетски задруги“

За потребите на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”, ЦеПроСАРД отвора повик за ангажман на две стручни и одговорни лица, кои за потребите на проектот заеднички ќе изработат Водич и ќе организираат и спроведат еднодневна работилница на тема „Зголемување иницијативи за вработување преку дополнително производство на енергија базирано на обновливи извори на енергија – Развој на социјално претприемништво преку енергетски задруги“

Оваа активност е дел од проектните активности во класерот АК3 – Споделување на искуството од европската унија – Зголемување на знаењето и капацитетите на граѓанските организации, бизнис секторот и локалните власти преку трансфер на знаење, искуство и најдобри практики од ЕУ.

Апликантите треба да имаат:
• Завршено високо универзитетско образование од општествени науки (економија, менаџмент, одржлив развој или сродни области) или технички струки – обновливи извори на енергија, екологија, енергетика и слично;
• Завршен втор и/или трет циклус на студии ќе се смета за предност;
• Најмалку 7 години работно искуство во областа;
• Познавање на политики и регулативи: запознаеност со политиките, регулативите и стимулативните мерки што го поддржуваат развојот на енергетските задруги и други модели на социјално претприемништво во државата и регионот;
• Искуство поврзано со социјално претприемништво: практично искуство во промовирање или развивање на социјални претпријатија, со акцент на создавање на работни места и социјален импакт;
• Искуство за создавање вработувања: Способност за поврзување на иницијативите за обновлива енергија со можности за вработување, особено во маргинализирани или транзициски заедници;
• Предходно искуство на изработка документи од слична природа на ЕУ финансирани проекти и/или проекти од останати донатори;
• Предходно искуство во одржување на обуки/тренинзи/работилници/настани

Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со одговор на ова барање за понуда на овој повик на: info@ceprosard.org.mk / tea.teveva@ceprosard.org.mk со назнака: Одговор на барање за понуда – Изработка на водич и реализација на работилница.

За повеќе информации ве молиме обратете се контакт мејловите наведени погоре.

Краен рок за аплицирање: 26 август 2024 година (понеделник) до 16.00 часот.

За повеќе детали околу критериумите за апликација и работните задачи, Ве молиме отворете го документот прикачен во прилог на оваа објава. – Документ

Проектот Зелена Енергија е кофинансиран од Европската Унија во рамки на финансискиот инструмент за претпристапна помош (ИПА II) преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија (2016-2020) и се имплементира во соработка со општина Медвеџа, ЦеПроСАРД и општина Бутел.

СИТЕ НОВОСТИ