29 Јул Отворен ПОВИК за ангажирање двајца консултанти – експерти за изработка на Водич и спроведување на обука по мерка за потенцијални членови и вработени во новоформирани енергетски задруги во прекуграничниот регион
За потребите на проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјалното претприемништво преку формирање пилот енергетски задруги во прекуграничниот регион”, ЦеПроСАРД отвора повик за ангажман на две стручни и одговорни лица, кои за потребите на проектот заеднички ќе изработат Водич и ќе организираат и спроведат еднодневен тренинг по мерка за потенцијалните членови и вработени во новоформираните енергетските задруги во прекуграничниот регион на тема „Како да се започне: Градење на иницијатива и улогата на енергетските задруги во прекуграничниот регион“ – со фокус на: национални и европски директиви за енергетски задруги, стратегии, политики, рамки и вмрежување.
Оваа активност е дел од проектните активности во класерот АК3 – Споделување на искуството од европската унија – Зголемување на знаењето и капацитетите на граѓанските организации, бизнис секторот и локалните власти преку трансфер на знаење, искуство и најдобри практики од ЕУ.
Апликантите треба да имаат завршено високо универзитетско образование од општествени науки (економија, менаџмент) или технички струки – електро инженер; завршен втор и/или трет циклус на студии ќе се смета за предност; треба да поседува најмалку 10 години работно искуство во областа; познавање на национални и меѓународни правни рамки од областа на енергетиката; познавање на принципите на работа на енергетските задруги и состојбата во РСМ и регионот; предходно искуство на изработка документи од слична природа на ЕУ финансирани проекти и/или проекти од останати донатори; Предходно искуство во одржување на обуки/тренинзи/работилници/настани.
Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со одговор на ова барање за понуда на овој повик на: info@ceprosard.org.mk / tea.teveva@ceprosard.org.mk со назнака: Одговор на барање за понуда – Изработка на водич и реализација на обука по мерка.
За повеќе информации ве молиме обратете се контакт мејловите наведени погоре.
Краен рок за аплицирање: 06.08.2024 година.
За повеќе детали околу критериумите за апликација и работните задачи, Ве молиме отворете го документот прикачен во прилог на оваа објава.
Проектот Зелена Енергија е кофинансиран од Европската Унија во рамки на финансискиот инструмент за претпристапна помош (ИПА II) преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија (2016-2020) и се имплементира во соработка со општина Медвеџа, ЦеПроСАРД и општина Бутел.