ОНЛАЈН ОБУКИ ПО МЕРКА

ОНЛАЈН ОБУКИ ПО МЕРКА

Во рамките на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” се одржаа првите онлајн обуки по мерка. Обуките ќе се одржуваат во повеќе делови за областите:
• Енергетската Ефикасност и Обновливи извори на енергија
• Заштита на животната средина

На овие обуки по мерка, покрај предвидената теоретска содржина, беа дискутирани и практични проблеми од вистинскиот живот.
Учесниците на обуките ќе се здобијат со сертификати за стекнатото знаење.
Додадена вредност на овие обуки е и проширувањето на мрежата од социјални претпријатија, институции, и други чинители.

Настанот е организиран од проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија преку следење на принципот – Не оставај никој зад себе” имплементиран од страна на организација ЦеПроСАРД, финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ