14 Јун Одржан “Тренинг по мерка на граѓанските организации“ во рамки на проектот БИЛДЛАГ
Тренинг по мерка на граѓанските организации се одржа на 14.06.2018 година во салата за обуки на Голдирен, Скопје.
На настанот, втор од низата активности во рамки на проектот “Изградба на капацитети за одржлив развој на локални акциски
групи во процесите на интеграција во ЕУ (МК)“ земаа учество претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) и ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани кои го пренесоа своето знаење и искуствени практики од тематиката на присутните.
Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ).