Одржан Техничкиот семинар “Греење и ладење со користење на сончева енергија“ во рамки на проектот Болници на Балканот со енергија близу нула

Одржан Техничкиот семинар “Греење и ладење со користење на сончева енергија“ во рамки на проектот Болници на Балканот со енергија близу нула

Во хотел Карпош, Скопје на 19.06.2018 се одржа Техничкиот семинар “Греење и ладење со користење на сончева енергија“ во рамки на проектот Болници на Балканот со енергија близу нула.

Меѓу говорниците на настанот се проектните партнери – Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција; АЛБАФОРЕСТ, Албанија; Софија енергетски центар ДОО, Бугарија и Институт Кипар, Кипар; како и претставници од Министерство за здравство на Република Македонија и Агенција за енергетика на Република Македонија.

Главната цел на проектот е да даде придонесе кон подобрување на енергетската ефикасност на градежниот сектор особено на енергетската ефикасност на болниците. Освен тоа, проектот има за цел да го олесни спроведувањето на EPBD (Директива ѕа енергетски карактеристики на зградите 2010/31/EU) преку дефинирање на карактеристики и стандарди за згради со енергија близу до нула ZEN).

СИТЕ НОВОСТИ