05 Јун Одржан состанок во општина Желино во рамки на проектот “BUILDLAG“
Во рамки на проектот “Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ (BUILDLAG)“ на 05.06.18 се одржа состанок во општина Желино со цел започнување на процесот на креирање ЛАГ помеѓу општините Желино, Тетово и општина Брвеница, во Полошкиот плански регион.
На состанокот присуствуваа градоначалникот на општина Желино – г-дин Блерим Сејдиу, директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион г-дин Фатмир Саити и г-ѓа Светлана Петровска од ЦеПроСАРД.
Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ). Целни групи на проектот се македонски рурални невладини организации, бизнис асоцијациите, како и локалните власти. Вклучувањето на сите чинители во проектот ќе овозможи развој и нивно унапредување, ќе поттикне партнерства за заеднички активности и ќе значи придонес кон глобалните процеси во оваа област.