28 Апр Одржан работен состанок за отпочнување на подготовка на корисниците од СЗ Демир Капија за организирано живеење со поддршка во заедницата со Македонското Монтесори Здружение
Во просториите на проектната канцеларија на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР, на 28.04.21 одржавме состанок со здружението Македонско Монтесори Здружение кое е ангажирано за подготовката на корисниците од СЗ Демир Капија за организирано живеење со поддршка во заедницата.
На состанокот од страна на претседателката на здружението, беа презенирани првите подготвителни активности за старт на подготовка на корисниците – соработка со менаџерскиот и стручниот кадар од СЗДК за дефинирање план за подготовка на лицата, дополнителен стручен кадар, материјали за работа и работна просторија.
Подготовката на корисниците ќе биде насочена кон развивање на нивните вештини за грижа за себе и за околината, формирање работни навики, развивање на нивните социјални капацитети за живот во заедницата. Подготовката на корисниците ќе се изведува од страна на стручни лица ангажирани од страна на ММЗ, во соработка со стручните лица и негователскиот кадар од СЗДК, а ќе ја следи и заеднички прифатената методологија од страна на проектите кои се имплементираат во рамки на рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.
Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска
Проектот е финансиран од Eвропската Унија.
Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.