Одржан прв состанок на конзорциум во хотел Карпош во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

Одржан прв состанок на конзорциум во хотел Карпош во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

На 26.02.2020 (среда) во хотел Карпош се одржа првиот oд вкупно девет планирани Состаноци на конзорциум во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР.

На состанокот кој беше организиран од страна на водечкиот апликант – ЦеПроСАРД, учество земаа претставници од сите ко-апликанти на проектот – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија и Лоза Фондација, Шведска.

Проектниот тим ја презентираше деталната временска рамка на проектот, како и реализираните активности од почетокот на неговото започнување – 02.01.2020. Проектниот менаџер даде голем акцент на дискусијата околу инволвираноста на сите ко-апликанти и развојот на синергија во рамки на проектните кластери, со цел навремено и квалитетно извршување на активностите и заедничка соработка. На состанокот исто така беа дискутирани одговорностите и правилата за водење на проектот пропишани од ЕУ за сите членови на козорциумот, како и планираните активности за идните месеци.

Проектот е во времетраење од 36 месеци, а е финансиран од Европска Унија.

СИТЕ НОВОСТИ