Одржан петтиот состанок на проектните партнери на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

Одржан петтиот состанок на проектните партнери на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“

На 01.07.2021 се одржа петтиот состанок на конзорциумот на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“.

На состанокот организиран на ZOOM платформата, проектните партнери дискутираа за напредокот на проектните активности согласно временската рамка. Состанокот беше отворен од претседателот на конзорциумот – директорката на Специјален Завод Демир Капија која накратко ја презентираше состојбата во институцијата во моментов и Протоколот на кој работат со стручен тим за посета на корисниците од страна на семејствата/старателите.

Проектниот асистант ги презентираше завршените активности во периодот март – јуни 2021 година, а проектниот менаџер согласно Агендата ги водеше дискусиите и елаборираше подетално на тематики поврзани со предизвиците при изнаоѓање организации заинтересирани да бидат приватни даватели на социјални услуги; изборот на станбени единици и административни обврски со сопствениците на истите; напредокот во подготовката на лицата со попреченост за преселба и соработката со тимот за преселба при СЗ Демир Капија, како и идеи за подобра соработка во процесот на проектното менаџирање помеѓу проектните партнери и соработката со релевантните институции и заедничките координативни состаноци во формираните работни групи.

Партнери на проектот:

  • Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД;
  • Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
  • ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
  • Општина Демир Капија;
  • Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од Eвропската Унија.

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

СИТЕ НОВОСТИ