03 Фев Одржана средба со ЈУ Центар за Образование на Возрасни (ЦОВ) во Скопје во рамки на проектот ‘Заедно за повеќе можности и поддршка’ ТИМОР
На 03.02.2020, дел од тимот на проектот ‘Заедно за повеќе можности и поддршка’ одржа средба со Центарот за образование на возрасни во нивните канцеларии.
На состанокот проектниот менаџер, Светлана Петровска го претстави проектот, неговите цели и активностите во рамки на истиот.
Беше потенцирана можноста за заедничката соработка со Центарот за образование на возрасни, како и нивен придонес во делот на подготовка на Програма за едукација на асистенти за поддршка на лица со попреченост, како една од активностите во рамки на проектот.
На средбата беше договорено Центарот за образование на возрасни да даде свои препораки во делот на подготвување на материјал за одржување на обуките, примерок образец за обуките на асистентите, како и споделување на искуството во областа на стручното образование и обука на возрасни. Исто така, проектниот тим побара официјално номинирање на претставник кој ќе биде вклучен во Насочувачкиот комитет на проектот.
Проектот е имплементиран од ЦеПроСАРД во конзорциум со:
-Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република -Северна Македонија
-Специјален Завод Демир Капија
-Општина Демир Капија
-Лоза Фондација, Шведска
Проектот е во времетраење од 36 месеци, а е финансиран од Европска Унија.