Одржана средба со ЈУ Специјален Завод Демир Капија– Проект „Заедно за повеќе можности и поддршка” -ТИМОР

Одржана средба со ЈУ Специјален Завод Демир Капија– Проект „Заедно за повеќе можности и поддршка” -ТИМОР

На 30.06.2020, претставник од проектниот тим на проектот ТИМОР заедно со експертите ангажирани за подготовка на Анализата на моментална состојба, одржаа средба во ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија, со директорката на специјалниот завод и стручните работници во установата.

Главната цел на состанокот беше координација на процесот на изработување на Анализата на моментална состојба, изнаоѓање решенија за спроведување на анализата и добивање на потребните податоци.

На средбата експертите ги добија податоците кои им беа потребни за отпочнување со подготовката на Анализата на моментална состојба, се утврдија насоките за координација на целокупниот процес, беа доставени податоците за корисниците и стручните работници дадоа детален опис на моменталната состојба во институцијата.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД како лидер апликант заедно со ко-апликантите:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија,
• Специјален Завод’’Демир Капија’’,
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска
Траење напроектот: јануари 2020 – јануари 2023

СИТЕ НОВОСТИ