Одржана последната петта онлајн обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

Одржана последната петта онлајн обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

На 17 ноември преку електронската платформа ЗООМ се одржа и последната еднодневна онлајн бесплатна обука за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР”.

Низата од пет обуки се реализираа следејки ја содржината на изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата” од страна на стручните консултанти – дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.

На обукте се опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување. Присутните на обуката беа личности од профилот негователи, стручни соработници, професори од средни училишта и ученици.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:

  • Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна;
  • Специјален Завод “Демир Капија“;
  • Општина Демир Капија и
  • Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ