01 Дек Одржана петта мониторинг посета и состанок во просториите на Здружението Бравура Кооператива од Делчево, во рамки на проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“.
На 01.12.2022 (четврток) беше остварена петтата мониторинг посета во здружението Бравура Кооператива од Делчево, кое како социјално претпријатие го имплементираат проектот „ Клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија „Интегра“ во рамки на процесот на регрантирање на организации во проектот Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот „Не оставај никој зад себе“.
Во проектот се предвидува утврдена работна програма и нацрт бизнис план за вработување и работно ангажирање на групи кои се исклучени од пазарот на труд и продуктивен работен живот, каде преку организиран систем на професионална квалификација и работно вклучување ќе се спојат работната интеграција и оддржливиот бизнис модел на социјалното претпријатие.
Главната цел е да се воспостави оддржлив модел на социјално претпријатие за работна интеграција на територијата на Општина Делчево, кое вклучува и вработува маргинализирани групи во социо-економски амбиент со дејност за производство и продажба на продукти со инвентивни и иновативни креации, во отворениот пазар на можности.
Во периодот на имплементација на проектот, „Интегра“ како клуб за професионална рехабилитација и социјална инклузија ќе развива поширока палета на производи и продукти и тоа ароматизираните восочни свеќи , еколошките хартиени ќеси , сито печат на хартија, текстил и други материјали, производите од глина на грчарско тркало, , производи од гипс, машинското шиење и пирографската теника, како и придружни дејности кои придонесуваат кон финализација на продуктите.
Проектот е финансиран од Европската Унија.