04 Сеп Одржана координативна средба за почеток на подготовка на документацијата за формирање на Локална Акциска Група во Полошкиот регион
Posted at 13:04h
in Новости
Денес (04.09.2018) во просториите на ЦеПроСАРД, Скопје одржавме координативна средба со адвокатот г-дин Дарко Џартовски кој во рамки на проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ – “BUILDLAG“ ќе биде задолжен за изработка и подготовка на целосната потребна документација за формирање и регистрирање на локална акциска група. На средбата беше потпишан договорот за соработка и беа дискутирани деталте за започнување на оваа активност за регистрирање на локална акциска група во Полошкиот регион.