Одржана Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија

Одржана Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија

Во понеделникот (04.07.2022) од 10:30 часот се одржа Информативна сесија по повод отворениот повик за доделување грантови за поддршка за развој на нови и постојни социјални претпријатија во рамки на проектот „Поддршка на Социјалните Претпријатија следејки го принципот – Не оставај никој зад себе” на ZOOM платформата.

Пред големиот број учесници на Информативната сесија (над 60-тина), за проектот накусо информираше проектниот асистент, г-ца Искра Кацарска.

Г-дин Александар Авросиевски, проектен менаџер, даде детални информации за Отворениот повик и шемата за доделување грантови.

Во живата дискусија која следеше беа поставени повеќе прашања од заинтересираните учесници на сесијата. На повеќето беше одговорено на самата сесија од страна на проектниот тим и соработниците, додека за покомплексните прашања беше посочена имеил адреса на која ќе може да се постават прашањата, а одговорите ќе бидат објавени до 20 јули 2022, на веб страницата на која е објавен и повикот.


На следната врска можете да го погледнете снимениот видео запис од Информативната сесија: https://www.youtube.com/watch?v=JaICCEoRqlo


Воедно се извинуваме за лошиот квалитет на звукот во првите 13 минути од снимката.


Проектот е финансиран од Европската Унија.

СИТЕ НОВОСТИ