Одржана втората обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

Одржана втората обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“, на ден 25.09.2020 година во Демир Капија се одржа втората од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, почитувајки ги сите пропишан мерките и протоколи.

Обуката се спроведуваше следејки го изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата“ од страна на стручните консултанти – дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.

На обуката беа опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

СИТЕ НОВОСТИ