15 Ное Оглас за вработување на лица од ранливи групи
Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во рамки на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот – Не оставај никој зад себе” има потреба девет (9) работници кои ќе работат 40 часа неделно (полно работно време), почнувајки од ноември/декември 2022 година.
Главна цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на нови и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот “Не оставај никој зад себе”,и има за цел да ги подобри оперативните капацитети и одржливост на веќе постоечките и новите социјални претпријатија и креира нови работни места за ранливите групи граѓани и лица со попреченост.
Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи граѓани (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени…). Имајќи ги предвид потребите и ограничувањата на ниво на целата земја, главните ограничувања во земјата се недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка помеѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.
Работниците се потребни за позиции:
- Главен пакувач (во с. Орешани)
- Помошен пакувач/земјоделски работник (во с. Орешани)
- Главен земјоделски работник (во с. Орешани)
Преземете ги документите од линкот
- Административен техничар (во Делчево)
Преземете ги документите од линкот
- Три (3) општи работници (во Гевгелија)
Преземете ги документите од линкот
- Програмски асистент (во Кичево)
Преземете ги документите од линкот
- Административен помошник (во Скопје)
Преземете ги документите од линкот
Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 6 месеци во временскиот период ноември/декември 2022 – мај 2023 година, со можност за продолжување за уште 3 месеци – август 2023.
Аплицирање
Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 21/11/2022 (понеделник) на info@ceprosard.org.mk со наслов наведен во приложените документи, во зависност од позицијата за која аплицираат.
Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 22.11.2022. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.
Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk
Проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го приниципот- Не оставај никој зад себе” е финансиран од Европската Унија.
Период на имплементација на проектот 01.12.2021- 31.05.2023 година.