Оглас за вработување на координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Велес

Оглас за вработување на координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Велес

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери – Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска има потреба од еден (1) координатор на услуги во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата (мали станбени единици) на лица со интелектуална попреченост во општина Велес, во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период јули 2021 година – јануари 2023 година. По завршувањето на проектот, Здружението ЦеПроСАРД ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 25/06/2021 на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Координатор – Велес

Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 28.06.2021. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации превземете го документот:

http://ceprosard.org.mk/MK/pdf/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D0%B6%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20-%20%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B3%D0%B0%20%D0%BE.%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81.pdf

СИТЕ НОВОСТИ