Обуки за усовршување на енергетски контролори со почеток од 23.03.2019 во просториите на ЦеПроСАРД

Обуки за усовршување на енергетски контролори со почеток од 23.03.2019 во просториите на ЦеПроСАРД

Тимот на ЦеПроСАРД продолжува со обуки за усовршување на енергетски контролори. Овој циклус на обуки тимот на ЦеПроСАРД го организираше започнувајќи на 23.03.2019 година.

Со најновите информации од различните аспекти на проблематиката, учесниците на обуката беа запознаени од предавачи со врвни познавања во широкиот спектар на енергетска ефикасност. По успешно завршената обука, и надградување на знаењето и вештините, на посетителите на обуката од страна на ЦеПроСАРД им беа врачени потврди со кои ќе го продолжат важењето на лиценците за дејноста енергетски контролор.

Видно задоволни од начинот и квалитетот на одржаната обука, по завршувањето на обуката посетителите заминаа со нови познавања од темите.

СИТЕ НОВОСТИ