19 Јул Обука за мониторинг на крупни месојади за вработените на НП Пелистер
Posted at 09:07h
in Новости
На 19 јули 2019 во хотелот капри во Битола се одржа последната сесија од обуката за мониторинг на крупни месојади, која се реализираше во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ кој го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер.
На оваа сесија и претходеше еднодневен работен состанок на 12 јули 2019, како и дводневна теоретска и практична обука за вработените во НП Пелистер, во декември 2018 година.
Овој проект е дел од Програмата за Подобро управување со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.