На 25.03.2019 ЗГ ЦеПроСАРД подари 30 зимзелени дрвца за Денот на екологијата во општина Бутел

На 25.03.2019 ЗГ ЦеПроСАРД подари 30 зимзелени дрвца за Денот на екологијата во општина Бутел

На одбележувањето на Денот на екологијата, во Општина Бутел ЗГ ЦеПроСАРД на учесниците на настанот им подари зимзелени дрвца.

Првото дрвце ЗГ ЦеПроСАРД го подари на градоначалникот на општина Бутел г-дин Велимир Смилевски. Дрвцата ќе бидат насадени во дворот на општината, училишните дворови и домовите на учениците од општина Бутел.

Настанот беше организиран од Општина Бутел и тема беа граѓанските еколошки здруженија на територијата на Општина Бутел, со наслов: ГЛОБАЛНО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ.

Покрај ЗГ ЦеПроСАРД учесници на настанот беа и граѓанските еколошки здруженија: ,,Еко Логик,, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ,,Гоу Грин,, и „Сунелиус”.

https://24info.mk/%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%82%d0%b5/

СИТЕ НОВОСТИ