21 Фев На премиерата на филмот „Посеана надеж“
На премиерата на филмот „Посеана надеж“ одржана на 21.02.2023, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и Амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, на приказот на важноста на социјалнито претприемништво.
Еден од учесниците при подготвувањето на филмот беше и Здружение за заштита на животна средина и едукација на деца и млади ЕКО ЛАЈФ Гевгелија, ре-грантирано од проектот Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот – “Не оставај никој зад себе” .
Горди сме што придонесуваме со поддршката, во присуство на претставници на Министерство за труд и социјална политика, регионалните центри, компании и инвеститори, интернационални компании и институции, банки, студенти и професори, амбасадори, медиуми, граѓански организации…, за препознавање на важноста на овој сегмент од нашето општество.